Балкан
19. December 2015 - 10:43

Застрелан тренер на фудбалски клуб

 
Тренерот на фудбалскиот клуб Будуќност од Подгорица, Миодраг Вукотиќ е ранет синоќа, пренесува порталот Вјести.
 
Во Вукотиќ наводно било пукано пред зградата во која живее. Тој итно бил пренесен во Ургентниот центар и засега нема подетални информации за неговата состојба.
 
Истрагата која е во тек треба да утврди кој и зошто пукал во Вукотиќ.
 
Тој во јуни на презема екипата на Будуќност која заврши на третото место во првиот дел од првенството во Црна Гора.