-->
-->
Застрелан млад скопјанец
-->
Дваесет и четири годишно момче е повредено во престрелка меѓу две групи која попладнево се случила во скопско Драчево. Според информациите во инцодентот учествувале повеќе лица кои започнале тепачка кај поштата во Драчево користејќи ножеви и огнено оружје. По тепачката учесницоте со два автомобили марка Фолксваген и Хјундаи побегнале од местото.
Неофицијално според извори од МВР се сомничат две лица, извесен Г.Н ид Скопје и лице чии иницијали почнуваат со Љ кои се превезувале во Фолксвагенот. Автомобилот полицијата го пронашла во населбата Драчево а по лицата и другиот автомобил се уште се трага.
Повредениот Д.Т. е префрлен во волница но нема информации за неговата состојба.
Од МВР за Press24 и официјално го потврдуваат случајот но велат дека повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на увидот.
Драчево неколку часа беше влокирано од возила на полиција и Брза Помош.
Иако од полицијата не сакаат да изнесуваат детали очевидци велат дека повредениот и напаѓачите се од македонска националност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори