Застрашувачко предупредување: Делови од Америка наскоро ќе бидат најладни и од Марс
- Снежна олуја наречена „циклон бомба“ ќе го зафати источниот брег на САД и ќе предизвика пониски температури отколку на Марс, објави Си Ен Ен.
Метеоролозите очекуваат дека циклонот, кој се формираше над Атланскиот Океан, денеска ќе стигне до источниот брег на САД и ќе предизвика силни ветрови и снег, а делови на север ќе бидат „поладни и од Марс“.
Од Јужна Каролина до Мејн, 13 сојузни држави се под предупредување за силни ветрови.
Поради екстремните временски услови снег падна и на Флорида, првпат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, Џорџија, Вирџинија прогласија вонредна состојба и ги предупредија жителите да не излегуваат од своите домови.
Училиштата во Њујорк се затворени, а Државниот метеоролошки завод најави дека во тоа подрачје се очекува да падне снег од 13 до 20 сантиметри и дека ќе дува ветер со брзина околу 80 километри на час.
Поларните студови ги заледија Нијагарините водопади и предизвикаа хаос во сообраќајот.
Метеоролошкиот завод издаде предупредување поради бурата од Вирџинија до Мејн и најави 30 сантиметри снег во подрачјето околу Бостон. На подрачјето на источниот брег на САД се очекува снег од околу 1,2 метра.
Експертите предупредуваат дека бурата би можела да достигне до јачина на ураган од втора категорија, а поларните студови ќе се задржат до крајот на неделата.
Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер ги предупреди жителите да не ги напуштаат своите домови. - Ако не останат на топло, ќе смрзнат. Мораме да бидеме внимателни, порача Мекмастер.
Властите соопштија дека неделава од екстремно ниските температури починаа 12 лица. Шест смртни случаи се регистрирани во Висконси, четири во Тексас, еден во Северна Дакота и еден во Мисури. Поголем дел од нив се бездомници.
Ново на Сител
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години