Застарува предметот „Моќник“
Обвинителство во фаза на завршни зборови направил преквалификација на делата за преостанатите тројца обвинети за случајот „Моќник“, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривично гонење.
Со тоа ослободени од обвинение се и Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски за кои судењето продолжи за кривичното дело „измама“, откако во октомври минатата година, по измените на Кривичниот законик беше запрена постапката за 10 обвинети во случајот „Моќник“ поради застареност.
Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека на денешната главна расправа за предметот со К.бр. 2616/20 од обвинителството означен како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови, извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог како и измени во правната квалификација на Кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со кои измени:
- Прво обвинетиот М.М. сторил кривично дело Измама од чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 вв со чл. 23 од КЗ, Второ обвинетиот М.В. сторил кривично дело чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ, Трето обвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ. Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење согласно чл. 107 ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ. Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на РСМ, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
Претходно во октомври минатата година, по измените на Кривичниот законик, Судот донесе решенија со кои за 10 обвинети во случајот „Моќник“ постапката се запира заради застареност, додека за тројцата обвинетите Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски судењето за кривичното дело „измама“ продолжува.
„Моќник“ е случај што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.
Според, обвинението во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница.
Ново на Сител
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
