Застаре случајот „Тендери“ на поранешното СЈО
Случајот „Тендери“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
-Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ.бр.149/23 е донесена на 15.02.2024 година и е предадена на првостепениот суд, потврдија од Кривичен суд за МИА.
Поради измените во Кривичниот законик, донесени по „скратена постапка“ во септември лани, претходно застареа дел од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „Траекторија“ и „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид