Застани, подготви се, тргни!
Древните Римјани ни оставиле многу сообраќајни правила, но само употребата на семафорот колку-толку донесе ред во сообраќајот.
Древните Римјани ни оставиле многу сообраќајни правила кои го регулираат движењето во сообраќајот, во еднонасочни улици, правила за паркирање, крстосници, можеби и кружните текови. Но, интензивното движење и густиот сообраќај бараа соодветна сигнализација. Еден модел на нешто попримитивен „семафор” бил поставен во Лондон во 1868 година. Со него се управувало рачно, т.е. еден човек го менувал црвеното и зеленото светло: тој „семафор” набрзо по поставувањето експлодирал.
По појавата на автомобилот на преминот од 19 во 20 век интензитетот на сообраќајот драстично се зголемил. Автомобили, коњски запреги, велосипедисти и пешаци ги исполниле сообраќајниците во градовите и секој од учесниците морал да најде сопствен начин безбедно да ја помине крстосница.
Секако, несреќите биле чести. Откако бил сведок на една несреќа, Гарет Морган, син на поранешни робови, изумил автоматски електричен „сигнализатор”. Тој прв семафор бил поставен во Моргановиот град Кливленд во Охајо во САД околу 1918 година, а патентот бил заштитен во 1923 година. Моргановиот семафор имал црвено и зелено светло како и звучен сигнал, т.н. „зујалка” која најавувала промена од црвено во зелено и обратно.
Набрзо, семафори се појавиле во Детроит и Њујорк, но како тробојни, со црвено, жолто и зелено светло. Боите биле усвоени од железничката сигнализација која се употребувала во 30-тите години од 20 век.
Гарет Морган го продал својот патент за 40.000 долари на корпорацијата Генерал Електрикс, а освен семафорот, исто така ги изумил машините за шиење и гас-маските.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области