Засилено полициско присуство околу споменикот на советската армија во Софија додека се демонтира
Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање.
Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми.
Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран.
Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег.
Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката. Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија.
Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања