Бизнис
8. February 2016 - 19:44

Засилена кредитна поддршка за приватниот сектор

Засилена банкарска поддршка на компаниите евидентира монетарната власт во четвриот квартал. Обемот на кредитирање во последното тромесечје бил за 2,6 пати повисок од просекот за претходните три квартали и е највисок во периодот по кризата.

Кварталната стапка на раст на вкупните кредити на приватниот сектор изнесува 5,7% за разлика од од падот од 0,3% во третото тромесечје, стои во кварталниот извештај на НБРМ.

Кредитирањето на приватниот сектор е главната причина за кредитиниот раст во овој период, за разлика од трендот во претходните три квартали кога кредитите растеа најмногу заради задолжување на домаќинстата. Фирмите придонеле со 74% во вкупниот квартален пораст на кредитите.

Покрај растечката побарувачка за кредити, меѓу причините за зголемената кредитна поддршка се натамошното олабавување на условите, продолжената мерка за кредитирање на нето извозниците, како и линијата поволни кредити од Европската инвестициона банка. Во четвротото тромесечје биле пласирани 13, 7 милиони евра од ЕИБ во 75 инвестициски проекти.

Во истиот период нотирано е подобрување на квалитетот на кредитното портфолио на банките и кај домаќинстата и кај компаниите. Учеството на сомнителните и спорните кредити во вкупните кредити во дкеември е 10,6% и бележи намалување за 0,8 процентни поени во споредба со септември.

На крајот на годината забележан е и силен раст на вкупните депозити, од 6,5 проценти во деккември, што е  значилително над проекцијата од 3,7 проценти.