Заштита на река Осојница од поплави

На пригодна свеченост во виничкото село Јакимово беше означен крајот на работата од мерката за заштита од поплави на река Осојница. Работата на овој проект беше реализирана како дел од учеството на општина Виница во проектот на УСАИД за општински стратегии за климатските промени, спроведувани од Милеуконтакт Македонија.
На свеченоста што се одржа по тој повод во Виница престојуваа директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн, раководителот на проектот на УСАИД за општински стратеги за климатски промени, Славко Славковски и градоначалникот на Виница, Емил Дончев.
- Проектот на УСАИД за општинските стратегии за климатските примени е четиригодишна иницијатива вредна 2,8 милиони американски долари која го зајакнува капацитетот на општините да се подготват и да ги адресираат локалните предизвици кои произлегуваат од ефектите поврзани со климатските промени, истакна директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.
За градоначалникот Дончев и за жителите на село Јакимово и поширокиот регион каде што поминува река Осојница, мерката за заштита од поплави е една од клучните мерки за адаптација кон климатските промени, што е и посочено во Стратегијата за климатските промени во општината.
Активностите од овој проект освен во Виница се фокусирани во уште девет општини во Македонија. Четиригодишниот прокет завршува кон крајот на годината.
Ново на Сител
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
