Засега Бугарија не е под закана од истекувањето на амонијак во областа на нејзината граница со Србија
Мобилен тим на Извршната агенција за животна средина на Бугарија ќе го следи квалитетот на воздухот во областа Калотина до граничниот премин на Бугарија со Србија, откако товарен воз со амонијак излета од шините во областа на градот Пирот, јави дописникот на МИА од Софија.
Експерти ќе ги следат индикаторите преку мобилна автоматска станица за мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух. Станицата е поставена во близина на граничниот премин со Србија и таму ќе остане и во наредните денови.
Во моментов српските еколошки власти не пријавуваат надминување на стандардите за квалитет на воздухот до границата со Бугарија. Српската страна ќе ги извести бугарските контролни органи доколку се случи промена на ситуацијата.
Инцидентот се случил по течението на блиската река Нишава, која извира под планината Ком на Берковската планина. Со оглед на насоката на струјата на реката, не може да се очекува загадување на нејзините води на бугарска територија, велат од агенцијата за животна средина.
Ново на Сител
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова