Заседава Комисијата за заразни болести – ќе им се дозволи ли на музичарите да почнат со работа
Во фокусот на денешниот редовен утрински состанок на Комисијата за заразни болести беше и барањето на музичарите да им се дозволи повторно да почнат со работа.
Комисијата за заразни болести дала зелено светло да може да почнат да се организираат концерти и музички настани. Ова денес го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, но не кажа од кога конкретно ќе може да почнат музичарите да работат.
Во текот на минатата недела музичарите со организаторите на овие настани и Комисијата за заразни болести разговараа за тоа како ќе се организираат овие настани донесен е протокол за кој Филипче оцени дека е многу добар.
20.000 музичари се засегнати од оваа одлука на Комисијата за заразни болести, бидејќи како што велат тие живеат од тоа.
Жива музика не е дозволена во угостителските објекти иако е дозволена работа и во внатрешните делови на угостителските објекти.
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија