Loading Video...
Свет
9. јуни 2020 - 12:55

Заразените со Ковид-19 кои немаат симптоми ретко ја пренесуваат инфекцијата

Заразените со Ковид-19 кои немаат симптоми ретко ја пренесуваат инфекцијата, сметаат од Светската здравствена организација. Според епидемиолозите од СЗО, дел од луѓето, особено младите и здравите, речиси никогаш не развиваат симптоми, или развиваат сосема благи и незабележителни симптоми. А, вирусот се пренесува преку капките што се ослободуваат кога некој кашла или кива. Затоа, од СЗО предлагаат владите во секоја држава да се фокусираат само на детектирање на заболените кои ги имаат симптомите на Ковид-19 и да ги изолираат.

Еден милион долари кауција побара судијата за условно ослободување на полицаецот што го уби афроамериканецот Флојд. Обвинетиот за прв пат се појави во судот во Хјустон. Доколку ги обезбеди потребните пари, обвинетиот ќе биде условно пуштен, но нема да смее да ја напушти Минесота, ќе треба да се појавува на секое судско рочиште, нема да смее да прекрши ниту еден закон, а ќе му биде забрането да се вработи како полицаец или обезбедување. Обвиненија се покренати и против останатите тројца полицајци за помагање во убиство.

Флојд, кој пред две недели беше убиен за време на неговото апсење, ќе биде погребан денеска во Хјустон, а СиЕнЕн во живо ќе го пренесува неговиот погреб.

Пороен дожд и невреме вчера го зафати главниот град на Србија. Белград се соочи со пороен дожд што паѓаше повеќе од три часа, па улиците се претворија во реки, а голем број подруми беа поплавени. И полицијата интервенирала повеќе пати, најчесто за да ги извлече луѓето кои биле заглавени во своите автомобили.