-->
-->
Запреа експлозиите во најголемото украинско складиште за муниција
-->
Министерството за одбрана на Украина соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција во селото Калиновка завршиле пред неколку часа, јави ТАСС.
Во тек се мерки за отстранување на последиците од пожарот и експлозиите. Деминери работат на деактивирање на експлозивните направи.
Според Генералштабот на украинските вооружени сили, во складот имало околу 83.000 тони муниција, вклучително и ракетни минофрлачи „Смерч“, „Ураган“ и „Град“..
- Околу една третина од нив, во вредност од околу 800 милиони долари се уништени, изјави секретарот на парламентарната комисија за национална безбедност и одбрана Иван Виник.
Канцеларијата на Воениот обвинител на Украина започна кривична постапка заради сомнение дека била извршена диверзија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
-
Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада
-
САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина