Живот
20. February 2016 - 20:02

Запознала дечко во клуб и фотографија со него ставила на Фесбук: Одговор добила од неговата девојка - Еве каков!

Англичанка имала кратка романса со еден дечко во клуб и фотографија со него поставила на Фејсбук зашто сакала да стапи во контакт со него.
 
Пипа Мекини го запознала Мет во еден клуб во Англија и веднаш се „нашле“. По неколку бакнежи, Мет и го дал бројот од телефонот, а Пипа успеала да направи неколку селфи фотографии. Кога следното утро се рабудила, возбудата од предходната вечер сеуште ја држела, па селфи фотографијата со Мет ја поставила на Фејсбук со статус дека го бара и дека било кој да го познава, да и се јави.
Меѓутоа, еден коментар не очекувала. Многу луѓе и пишале дека Мет намерно не и го дал својот број, додека нејзините пријатели масовно го „шерувале“ нејзиниот статус.
 
Наместо Мет, кого го очекувала, на нејзиниот статус се јавила неговата девојка, Емили.
 
По првобитниот шок, Емили веднаш го оставила Мет, тоа перку Фејсбук, а тој статус го споделиле преку 2.000 луѓе.
Пипа на фотографијата од неа и Мет напишала: „Го запознав ова минатата ноќ, прекрасен е, го добив неговиот број, но погрешно сум го запишала. Многу би сакала да го видам повторно. Тој е од Витешејв и се вика Мет. Помош“, напишала во статусот.
 
Откако една од пријателките на девојката на Мет, Емили, ја тагнала во коментар, Пипа ја видела нејзината насловна фотографија и тоа со Мет
 
- Не можам да поверувам што се случи. Требаше да претпоставам вакво нешто. Не е моја вина, ми кажа дека нема девојка, се правдала Пипа.
 
Мет откако го откачила девојката преку Фејсбук, напишал статус во кој наведува дека се е еден голем циркус и дека Пипа го наместила.