Запознајте го Лазар – синот на Кристијан Голубовиќ

Додека беше дел од реалното шоу „Фарма“, Голубовиќ откри дека го признал својот син дури откако наполнил 20 години. Кога Лазар се родил во 1994 година, животот на Кристијан бил во опасност. Така тој и мајката на Лазар, Даниела, одлучиле поради сигурноста на детето, во Изводот на Матичната книга на родени да не биде запишано името на Кристијан.
Лазар не сакал да се експонира во јавноста додека татко му престојувал на „Фарма“ за да нема проблеми во домот. Имено, поранешната тешта на Кристијан го добила старателството над Лазар по смртта на ќерка ѝ Даниела и наводно му забранила да зборува со татко му.

Сепак, Лазар никогаш не криел дека има пријателски однос со татко си, како и дека го посетувал додека бил во затвор. Кристијан дури го има истетовирано ликот на Лазар на градите.

Кристијан издржува затворска казна за препродажба на дрога. Во затвор би требало да помине уште четири години.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
