-->
-->
Започнува третата сезона на програмата „12 Врвови”
-->

Со планинарски марш до планината Средна и врвот Бејаз Тепе, во недела на 4 ноември започнува третата сезона на програмата „12 Врвови”. Како што информираше лиценцираниот планинарски водич Љупчо Чучуковски кој е иницијатор маршрутата да се најде во програмата на ДПС „Трансверзалец” од Скопје, маршот во недела ќе се одвива низ живописни предели карактеристични за пијанечкото подрачје.
-По мој предлог од пред неколку месеци планинарската маршрута до врвот Бејаз Тепе влезе во програмата „12 Врвови” на ДПС Трансверзалец од Скопје. Планинарската маршрута во недела започнува од село Нов Истевник, потоа поминува низ живописни предели кои водат до месноста Кукуље, врвот Бејаз Тепе, па се до историското село Разловци и планината Средна, информира Чучуковски.
Претходно Чучуковски заедно со членови на ДПС „Трансверзалец” ја мапираа, маркираа, чистеа и поставија неколку патокази на целата патека, со што таа еподготвена за планинарскиот марш во недела.
Програмата „12 Врвови“ во целост е поддржана од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
