-->
-->
Започнува разврската за место во осминафиналето во ЛШ
-->

Вечерва и утревечер во фокусот на вниманието на европската фудбалска јавност ќе бидат дуелите од последното коло во групната фаза во Лигата на шампиони по кои ќе бидат познати сите шеснаесет екипи кои ќе продолжат во следната рунда од елитното натпреварување.
на коло пред крајот на групната фаза само седум екипи обезбедија пласман за првата нокаут рунда во Лигата на шампионите.
Остануваат вкупно уште девет празни места, а најголемиот дел од нив дури шест ќе бидат пополнети вечерва по одигрувањето на дуелите во сегментот на групи Е до Х.
Пласман досега имаат обезбедено: ПСЖ, Реал, Баерн М., Тотенхем, Манчестер Сити, Јувентус, Барселона и Лајпциг
ЛИГА НА ШАМПИОНИ последно 6.коло (Вторник 10 декември)
Група Е: НАПОЛИ - ГЕНК (18:55 часот) и САЛЦБУРГ - ЛИВЕРПУЛ (18:55 ч)
Табела: Ливерпул 10, Наполи 9, Салцбург 7 и Генк 1
Група Ф: БОРУСИЈА Д. - СЛАВИЈА ПРАГА и ИНТЕР - БАРСЕЛОНА (21 часот)
Табела: *Барселона 11, Интер 7, Борусија 7 и Славија П. 2.
Група Г: БЕНФИКА - ЗЕНИТ и ЛИОН - ЛАЈПЦИГ (21 часот)
Табела: *Лајпциг 10, Зенит 7, Лион 7 и Бенфика 4
Група Х: ЧЕЛЗИ - ЛИЛ и АЈАКС - ВАЛЕНСИЈА (21 часот)
Табела: Ајакс 10, Валенсија 8, Челзи 8 и Лил 1
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
