Фудбал
28. May 2025 - 20:47

Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија

Денеска од 18:30 часот започнува продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/).

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот: 

1. Посетете ја платформата https://eticket.ffm.mk/

2. Изберете го натпреварот; 

3. Одберете седиште; 

4. Извршете уплата; 

5. Преземете го дигиталниот билет;

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на македонските репрезентативци да дојдат до позитивен резултат против една од најдобрите светски селекции“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).