-->
-->
Започнува 11. по ред училишно-спортска манифестација ,,Гимназијада"
-->
Поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија се едни од основните принципи на кои е базирана владината политика за поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност, кои ќе ја создаваат и предводат иднината на земјата.
Во таа насока, започнувајќи од утре, четврток до сабота, во Тетово ќе се одржат единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка.
На натпреварувањето ќе учествуваат околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата. Во организација на натпреварите се вклучени над 100 професори по физичко воспитување и образование. „Гимназијада” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети.
Свеченото отворање е предвидено да се оддржи во четврток со почеток во 18 часот на градскиот плоштад во Тетово, каде поздравен говор ќе одржат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, а манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година