Започна вселувањето во реновираниот блок во Студентскиот дом Гоце Делчев
32 –ца студенти се првите станари во реконструираниот блок во Гоце Делчев. Почна вселувањето во новите соби. Утринава студентите ги пренесоа куферите од стариот блок А до старо-новиот блок Б.
Велат разликата е огромна и неспоредлива. Од стариот изгледа на блок Б останала само надворешноста, ентериерот е нешто што одамна го посакувале. Од безбедни лифтови, нов мебел, мини кујна, прозорци и врати, без мувла и провев до топли бањи и тоалети.Клучевите од новите соби за нив се и нов почеток за подобар студентски живот.
Денеска се вселуваат најгорните 14 и 13 кат а како ќе се монтира мебелот во подолните катови, така ќе се префрлаат и студентите од болокот А во Б.Реконструираниот блок располага со 160 соби со капацитет за 304 станари а новиот изглед го доби за една година.
Веднаш по целосното преместување ќе се отпоче со реконструкција и на блок А а целиот копмлекс од 4 згради и нова менза се очекува да добие нов лик за година и половина. Вредноста на проектот е околу 6 милиони евра.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар