Започна судски процес за обид за убиство на Ердоган
Во Турција денеска започна судски процес против 47 лица, кои се обвинети за обид за убиство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ноќта на 15 јули минатата година кога беше спречен обидот за државен удар.
Триесет и седум од обвинетите се поранешни воени лица, на кои им се заканува доживотна казна затвор поради обвиненија за обид за убиство, за промена на уставниот поредок и за други кривични дела против државата.
Осомничените се обвинети за нападот на хотел во Мармарис, каде престојувал Ердоган, при што беа убиени двајца полицајци. Шефот на државата го напушти хотелот непосредно пред тој да биде нападнат.
Турските власти сметаат дека превратот е организиран од движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а чии приврзаници се обвинети за инфилтрирање во армијата и други државни институции. Ѓулен демантира дека е организатор на пучот.
Ново на Сител
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува