-->
-->
Започна спасувачката акција нa децата од пештерата: 18 храбри нуркачи од целиот свет без страв тргнаa во опасно смртоносната мисија
-->
Спасувачката мисија, со која треба да бидат извлечени момчињата и нивниот тренер од пештерата на Тајланд има најголеми шанси да биде успешна доколку се изведе во следните три или четири дена, изјави шефот на спасувачката операција Наронгсак Осотанакорн.„Моменталната ситуација, со нивоата на кислород и вода, како и состојбата на момчињата, се најдобри до сега... Нивното наоѓање беше само мала победа“, кажа Наронгсак.
Тој додаде дека спасувачите водат војна и со времето и со метеоролошките услови, бидејќи денес се очекува почетокот на сезоната на монсуните, а со тоа и обилни дождови, пренесува Си-би-ес.
Се оценува дека пораката на Наронгсак влева нова надеж, еден ден откако еден од спасувачите загина нуркајќи во пештерата, од недостиг на кислород.
Момчињата успеаја да искомуницираат со своите семејства, од кои многумина седат пред влезот на пештерата. Заедно со ниц се и тајландските морнарички специјалци, војници и локални доброволци. Се проценува дека спасувачката операција се спрема за утре или за во понеделник.
Властите го засилија безбедносниот кордон околу пештерата и навлечени се пластични прекривки околу влезот, што може да значи дека спасувачката мисија може да почне во секој момент, пишува Ројтерс, истакнувајќи дека овие информации се непотврдени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
-

Најмалку 555 мртви во Иран по израелско-американските напади
-

Поскапуваат бензините
-

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран
-

Бандера за улично осветлување закана за жители на Драчево | ВИДЕО
-

Над 400 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот исток
-

Институтот за класични студии на УКИМ бара латинскиот јазик да биде една година задолжителен за сите гимназијалци
-

Генералниот секретар на НАТО, Руте, утре во официјална посета на земјава
