Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров
Проблемот со кучињата скитници во Ѓорче Петров ќе се решава во соработка со јавното претпријатие „Лајка“, со чие раководство, градоначалникот Александар Стојкоски оствари средба.
Како што соопшти Општината, жители на Ѓорче Петров упатиле поплаки во изминатиот период, дека има и агресивни кучиња на места каде постојано се движат и деца.
Поради ова, додаваат од таму, мапирани се критичните точки каде има групирање на кучиња, за кои Ѓорче Петров доби уверување од „Лајка“ како надлежни за овој проблем, дека ќе бидат заловени и стерилизирани.
– Свесен сум за проблемот, особено појавата на кучиња пред и во училиштата. Во таа насока со в.д. директорот Воислав Димитровски договоривме да организираме серија настани и презентации во образовните институции што во иднина ќе помогнат од едукативен аспект. Со надлежните институции заеднички ќе продолжиме да работиме во оваа насока, а ќе се вклучиме и во националната стратегија иницирана од ЈП „Лајка“ која е во план да се активира, посочи Стојкоски.
Тој апелира, да не се фрла храна на животните во училишните дворови каде се движат деца, туку на места оддалечени од образовните објекти.
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
