Започна регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина
Инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, започнаа увид и регистрација на штетите од големиот пожар во близина на Атина, а грчкиот премиер денеска ги посетува погодените населби, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на вчерашниот ден бил извршен увид на 30 објекти, од кои 11 се опасни за употреба, меѓу кои седум се станбени објекти, три деловни простори и еден магацин.
Регистрацијата продолжува и денеска, целта е што побргу да се заврши увидот за веднаш да започне процесот на обесштетување на граѓаните.
Шумскиот пожар избувна во втроникот, кусо по 17 часот од планината Пендели и поради силниот ветер, се спушти и брзо се прошири кон населените места, заземајќи големи размери со активни жаришта во повеќе населби, а беше ставен под контрола 22 часа подоцна.
Грчкиот премиер, кој утрово е во посета на погодените населби, вчера рече дека не е исклучена можноста пожарот да бил подметнат.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
