Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими

Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од денеска до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат.
Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври годинава. Вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари, без дополнителна доплата од страна на корисниците.
На веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објавени се сите детали за потребната документација и постапката за подигнување, како и списокот на компании со кои се склучени договори, од кои граѓаните ќе можат да ги набават инвертер клима уредите користејќи го ваучерот.
-Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка, во која право на поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, информира прес-службата на МЕРМС.
Списокот на граѓани кои се стекнале со право, како и списокот на компании, се достапни на веб-страницата на Министерството: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisoci
Министерството нагласува дека оваа фаза се однесува исклучиво на граѓаните кои веќе аплицирале во 2025 година и претставува финализација на постапката, во рамки на која се доделуваат вкупно 4.070 ваучери.
-Со оваа мерка државата продолжува со конкретна поддршка на ранливите категории граѓани, обезбедувајќи пониски трошоци за енергија и повисока енергетска ефикасност во домаќинствата, информира МЕРМС.
МИА
Ново на Сител
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
-

„Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7“ – Роналдо официјално се збогува со репрезентацијата на Португалија
-

Серија дојави за бомби во Европа: Повеќе авиони пренасочени, дел принудно слетале
-

Неделава стабилно, од понеделник услови за слаб дожд
