-->
-->
Започна Охридскиот дијалог
-->
Во Охрид денеска започна Охридскиот дијалог чиј домаќин е премиерот Зоран Заев, а се одржува во коорганизација со Алтланскиот совет и Охридската група.
На неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот воведно обраќање омаше министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На настанот, како што соопшти МНР, присуствуваат голем број дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка.
Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница
-
Кривична за три лица вработени во општина Крива Паланка за злоупотреба на службена положба
-
Рашфорд во Барселона
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
-
Собранието ќе одржи продолженија на три седници
-
Сончево и многу топло, до 42 степена
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола