Балкан
10. April 2017 - 10:23

Започна одбројувањето за референдумот

Хуриет дејли њуз - Истанбул

Одбројувањето започна. Ќе го одбие ли земјата владеењето на само еден човек – како и да биде тоа опишано – или нацијата, и покрај масовната и официјална про-„да“ кампања, ќе се изјасни дека нема да биде вшмукана натаму и ќе се согласи да се откаже од парламентарната демократија и покрај сите нејзини недостатоци? Без разлика што беше речено и од двете страни, возбудата расте и до извесен степен и конфузијата. На неколку дена пред суштинското гласање, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека има најмалку 20 проценти неодлучност. Може ли да е тоа нормално на само две недели пред клучното гласање?

Зошто луѓето, пред клучното гласање и нерешителни за тоа што можеби е реалната опција, избираат да ги сокријат нивните ставови кога се интервјуирани од агенциите? Во населбата Чанкаја во Анкара, на пример, ако некој во тие луксузни кафе барови се обиде да го сокрие својот „не“ глас и рече дека се уште не се одлучил, причината за тоа е сосема јасна. Тој можеби е некоја моќна бизнис личност со луксузни договори со владејачката елита, свесен како неговите зделки можат веднаш да бидат збришани ако некому му стапнат на стапалата, и да бидат исфрлени од „довербата“ и затоа се приморани да ги сокријат своите лични политички ставови се додека не се најдат зад гласачките кутии. Ако во истиот кафе бар, некој кој не е во вообичаени бизнис односи со владеечката елита одлучи да не го разоткрие своето „да“, наверојатно ќе се најде под таканаречен притисок од неговите пријатели или од атмосферата на страв.

Кога би биле запрашани од анкетарите во центарот на маалото Улус или во населбата Јузунчуил во Анкара, ако луѓето се изјаснат дека се неодлучни, наверојатно се наклонети да гласаат „не“ но се исплашени од последиците да ги разоткријат своите вистински бои. Дали тие се соочуваат со ризикот да бидат обвинети дека и припаѓаат на „терористичката организациија“ на Фетула Ѓулен? Дали можат да бидат исфрлени од официјални бизниси или да бидат казнети со затворски казни на неколку месеци ако се спротивстават на опресијата на екстравагантниот жител на палатата? Ако кажат „д“, нема да има проблем, но „не“ би било лоша карма не само за таа индивидуа, туку и за целото негово семејство. На крајот, посебноста на злосторството – фундаменталниот принцип кој се учи на сите правни школи уште во првата година – нема да биде применета дури и за најстарите родители, кои не можат дури ни самите да се движат.

Што може новинар да стори освен да разговара со луѓе, да собира информации, двојно да ги проверува и да пишува извештаи за луѓето? Ако новинар разговара по телефон со група бегалци криминалци со цел да дознае заради каков криминал се гонети, да ја случне нивната одбрана и да ги стави сите тие информации во текст – се разбира со дистанца да не биде обвиинет за поддршка на тероризмот – дали таквите контактирања ќе се сметаат за доказ за обвинување дека „учествува во обележување на целите на терористичките банди без да биде нивен член“? Или ако 21 новинар ослободени од судот по повеќе од пет месеци одлежани во самици се пуштени во ист ден и веќе следниот ден главниот судија и редица обвинители и адвокати се притворени на основа дека се членови на терористичка банда и дека ги ослободиле новинарите заради припадноста на истата банда, дали некој ќе се посомнева во ваквата врвна креативност и во независноста на турското правосудство?

Се разбира дека се ова мачни денови кои ја прават сликата кави ќе бидат следните денови. Претседателот и премиерот, кои се обидуваат да и објаснат на нацијата дека претседателот може се самиот да контролира, се во паника. Преку псевдо-инаугуративни церемонии, кои се емитуваат на сите телевизии по неколку часа на ден и се на насловните страни на сите дневни весници, тоа е смешен начин да се исфрли опозицијата нстрана. Без разлика на се, опозициските партии досега не може да организираат никаков голем митинг, ограничени се нивните напори на затворени собири и мали нстани на маалски плоштади во градовите.

Оваа постојана претерана изложеност на претседателот и премиерот од друга страна индицираат чувство на несигурност кај врвот на владата. Тие очигледно имаат проблем со вербата во платените анкети кои покажуваат дека со „да“ ќе гласаат 60 проценти. Ако „повеќето од 20-те проценти неодлучни глсачи се навистина прикриени „не“ гласови, значи дека еден сегмент од „да“ гласовите се прикриени „не“. Крајниот резултат ќе биде исклучително изненадувачки успех ако некои анкетари се точни, и тоа ќе биде изнендувачкиот исход од гласањето на 16 април.

Од друга страна, еден пријател анкетар нсамо ми искоментира дека земјата е толку поларизирана што „ниту 60 проценти „да“, ниту 60 проценти „не“ нема да ме изненди. Подготвен сум и двете да ги прифатам“.