Македонија
1. July 2017 - 14:44

Започна културното лето „Три круши 2017“

Со концерт на пејачите на народна музика Наум Петрески и Зуица Лазова, синоќа во Општина Кисела Вода започна 12. културно лето „Три Круши 2017”.

На отворањето пирустсвуваа градоначалниците на Кисела Вода и на Град Скопје, како и многу жители на општината и на други делови на градот. 

Фолк ѕвездите Наум Петрески и Зуица Лазова со нивните најголеми хитови и бројните македонски народни песни ја забавуваа публиката повеќе од час и половина. Големи аплазузи доби и Гоце Пејковски, кој се претстави како гостин на концертот. Концертот беше заокружен со спектакуларен огномет.

Вечерва, со почеток во 20:30 на локацијата „Три круши“ концерт ќе одржи етно-составот „Чалгија саунд систем”.

Културното лето „Три круши 2017“ ќе трае до крајот на јули, и годинава ќе понуди богата програма. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во концертите на Миле Кузмановски, Дипломатик бенд, „Ѓезме“, „Силви Бенд “, Сара Мејс... И годинава целовечерен концерт ќе одржат и играорците од КУД „Китка“ од Драчево. Манифестацијата ќе заврши со концерт на Сузана Спасовска и „Академци”.