-->
-->
Започна асфалтирањето на регионалниот пат Тетово - Брвеница - Гостивар
-->
Започна асфалтирањето на завршниот слој на регионалниот пат Тетово- Брвеница- Гостивар. Денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов, извршија увид во асфалтирањето на овој патен правец во должина од 16,7 километри.Инвестицијата за реконструкција на овој регионален правец е 1,8 милиони евра.
-Денеска сме овде да извршиме увид во градежните работи, согласно динамиката на асфалтирање очекувам дека ќе биде завршен според договорот некаде август или септември. Ова е тоа што предходно го ветивме и сега го реализираме, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
До сега се реализирани 80% од вкупните градежни работи. Инензивно се работи на патот, дополнително на неколку места се изврши прошири за да се зголеми безбедноста.
-Моментално го работиме овој патен правец, предхоно го завршивме Тетово – Пирок – Гостивар и уште пет локални патишта чија вкупна инвестиција изнесува околу 27 милиони денари, изјави Александар Стојанов, директор на ЈП за Државни патишта.
Тој додаде дека во овој регион се изврши и проширување на неколку моста и се заврши едниот дел од клучката Брценица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
