Започна 66. Берлински филмски фестивал
Со проекцијата на новиот филм на браќата Коен, „Heil, Caesar“ синоќа во Берлин свечено беше отворен 66-от по ред Берлински филмски фестивал, познат како Берлинале.
- Со ова го отвораме 66-то Берлинале, објавија заеднички претседателката на овогодишното фестивалско жири Мерил Стрип и директорот на Фестивалот, Дитер Козлик.
Пред тоа, на присутните им се обратија германската државна секретарка за култура Моника Гројтерс и градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, кои предупредија и на моментот на мигрантската криза, во контекст на овогодишниот слоган на Берлиналето - „Право на среќа“.
Најавено е дека главниот протагонист на филмот „Heil, Caesar“, Џорџ Клуни денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговара за мигрантската криза.
- Сакам да видам што можеме заеднички да направиме, изјави Клуни, кој е познат по својата хуманитрана активност.
Во филмот „Hail, Caesar“ на браќата Џоел и Итан Коен, Џорџ Клуни толкува лик на холивудски актер од 50-те години на минатиот век, кој славата ја стекнал со историски филмови, но во текот на снимањето на еден филм е киднапиран.
И токму сопругата на Клуни, убавата Амал Клуни, беше главната атракција, која го привлече вниманието на црвениот тепих.
Инаку, на овогодишното Берлинале во повеќе од десет сали ќе бидат прикажани 434 филмови.
Фестивалот ќе трае до 21 февруари, а наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија на 20 февруари.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?