Македонија
3. October 2023 - 17:06

Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва

МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва.

Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.