Македонија
29. December 2020 - 15:34

Запленети близу 7.000 пиротехнички средства и двајца приведени во Гостивар

Двајца гостиварци се приведени во полициска станица, откако при контрола, кај нив се откриени речиси седум илјади петарди и други пиротехнички средства.

Според СВР Тетово, денеска околу 12:30 часот, на улиците „Борче Јовановски“ и „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците Б.А. (48) и С.К (35).

– При контрола на возило „Опел Мерива“ кај Б. А. биле пронајдени и одземени 4.800 пиротехнички средства, а кај С.К., поранјдени и одземени се 1.835 парчиња пиротехнички средства. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.