Запленети 250 килограми дрога вредна 800.000 евра, приведени пет лица
МВР соопшти дека вчера, при претрес во правен субјект во Битола се запленети 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра, а лишени се од слобода и пет лица.
-По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.05.2021 за одземање дозвола за одгледување канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите се затекнати две женски лица во момент на обработка и пакување сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина сув цвет од канабис, информира МВР.
Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски