Запленети 22 килограма марихуана на „Табановце“

Дваесет и два килограма марихиуана запленија синоќа околу 23 часот царински службеници на граничниот премин Табановце при контрола на патничко возило со бугарски регистaрски ознаки, управувано од бугарски државјанин, соопшти денеска Царинската управа на Македонија.
При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, во долниот дел од возилото кај резервната гума, под предните калници, во вратата од багажникот и под пластиките од задните седишта пронајдени се 40 пакувања завиткани со леплива лента и алуминиумска фолија. Пакувањата биле исполнети со зелена тревкаста материја. По извршено мерење и тестирање со тестер за дрога, констатирано е дека се работи за 21,7 килограми марихуана.
Откриената дрога и лицето се предадени на Министерството на внатрешни работи за натамошна постапка.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
