Запалена таблата со името на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола
Утрово опожарен влезот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола кој беше официјално отворен на 16 април. Од клубот утрово на социјалните мрежи напишаа дека очекуваат институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид, а подигнати се и траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење. Јавниот обвинител ќе издаде и наредба за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти. Настанот бил пријавен утрово околу 5 часот од сосед кој слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот. Огнот бил локализиран од страна на ТППЕ Битола.
Министерката за надорешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска која овие два дена е во работна посета на Македонија, денеска дојде на увид во Битола. Таа е уверена дека истражните органи ќе го пронајдат сторителот и дека овој инцидент нема да ги наруши односите меѓу двете земји.
Како и при отворањето на клубот, така и денеска имаше силно полициско обезбедување при посетата на Генчовска.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
