Запалена сува трева можна причина за големиот пожар кај Василево
Повеќе од четири часа пожарникари од Струмица, Радовиш и Ново Село го гаснеа пожарот на влезот во Индустриската зона во село Василево, во кој вчера целосно изгоре салон за мебел на компанијата „Савело“.
Според Александар Гудев, заменик командир на Противпожарната единица на Струмица, во 14,20 пожарникарите биле алармирани за големиот пожар.
- Во првото јавување за пожарот кај нас беше регистрирано дека станува збор за запалена сува трева. Кон местото на пожарот беше упатено едно возило, но веднаш потоа и друго поради сериозноста на пожарот, а потоа и другите. Во совладување на пожарот учествуваа 21 пожарникар, тројца вработени од ЈПКД „Комуналец“ и девет возила, информира заменик командирот Гудев.
Гаснењето на пожарот траело повеќе од четири часа, односно пожарот е локализиран во 19,20 часот. Причина за него бил силниот ветар што дувал и уште повеќе го распламтел пожарот.
Во пожарот нема повредени.
Пожарникарите не дозволиле огнените јазици да се доближат до бензиската пумпа, што од изгорениот објект е оддалечена само десетина метри, односно од него ја дели улицата преку која се влегува во Индустриската зона во Василево.
Според првичните проценки штетата е голема, а причините за пожарот допонително ќе се утврдуваат
Ново на Сител
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
-

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
