Македонија
9. March 2018 - 23:29

Запалена изолација причина за пожарот во Карпош

Запалена изолација е причината за пожарот што денеска попладне избувна во објект во изградба на ул. „8 Септември“ во скопската Општина Карпош.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е изгаснат.

Интервенирале со 15 пожарникари и шест возила во временскиот период од 15:40 до 16:40 часот.