Запален џипот на Сораја, старлетата шокирана и исплашена
Џипот „ренџ ровер“ во сопственост на старлетата Сораја Вучелиќ синоќа околу 20 часот е уништен во екплозија во подгоричкиот Сити кварт. Неофицијално, двајца засега непознати напаѓачи, маскирани со фантомки, го полиле џипот со бензин и го запалиле. За среќа во пожарот нема повредени.
Експлозијата се случила додека Сораја била на гости кај својата другарка, Манда Поповиќ, позната црногорска манекенка.
-Сораја и Манда седеле во станот и разговарале. Одеднаш одекнала експлозија. Двете веднаш истрачале од зградата. Предниот дел од автомобилот бил во пламен. Манекенката и Сораја повикале пожарникари. Двете биле во шок, не можеле да поверуваат во тоа што се случило, вели извор за српски Курир.
Сораја била многу потресена што и е уништен омилениот автомобил.
-Манда ја внесе Сораја во станот да се смири малку. Набрзо дошла полицијата, и отишле во станица да дадат изјава. Полицајците сталетата ја испрашувале во врска со експлозијата, дали се сомнева на некој и дали се скарала со некој. ја прашале и кога дошла во Црна Гора, кога се враќа во Србија и со кого последне пат се лсушнала и видела. Сораја им одговорила дека не знае кој стои зад нападот и дека никој не и е сомнителен, вели соговорник.
Според неофицијалните информации од самото место, непосредно пред пожарот џипот на старлетата го возела нејзината пријателка Жељка Роловиќ, која летоска е уапсена во Црна Гора под сомнение дека се бави со организирање проституција.
-Видов кога Жељка го паркираше и излезе од автомобилот. Набрзо потоа автомобилот беше во пламен, вели очевидец.
Неофицијално, Сораја пред десетина дена добила закани дека џипот ќе и биде заплаен и дека ќе оди пешки.
-Наводно и зборувале дека ќе шета по штиклички и дека нема да глуми дама во туќ скапоцен автомобил. Сите инфорамции се проверуваа, а полицијата трага по напаѓачите, вели соговорник за Курир.
Инаку Сораја, претходно беше сослушувана во полицијата во Бар и во Белград во рамки на истрагата која се води за убиството на Армин Муша Османагиќ во Бар. Сораја неколку часа пред ликвидацијата на Османагиќ седела со него во едно кафуле.
Синоќа ниту Сораја ниту нејзината пријателка Манда не се јавија на повиците од бројните медиуми да дадат изјава за случајот.
Ново на Сител
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари
-
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари
-
Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило
-
Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија