Западот задоволен од изјавите на косовските лидери за Специјалниот суд
Претставници на пет западни држави ги поздравија изјавите на косовските политички лидери за повлекување на идејата за укинување на Специјалниот суд.
Во соопштение од амбасадите на САД, Германија, Франција, Британија и Италија во Приштина, косовските лидери се потсетуваат да го „одржат зборот, а сите косовски институции да ги почитуваат своите обврски“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи пред неколку дена рече дека прашањето за Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК е затворено во 2015 година кога косовското Собрание донело закон за негово основање.
– Тоа прашање е затворено уште во летото 2015 година, а вревата што подоцна се подигна беше непотребна и без влијание, изјави Тачи за РТВ Дукаѓини, пренесе Унмик во својот прес клипинг.
Според Газета експрес, премиерот Рамуш Харадинај поддршката за иницијативата за укинување на Специјалниот суд ја повлекол под притисок на амбасадорите на западни држави, особено по изјавата на американскиот амбасадор Грег Делави кој нагласи дека Харадинај, Тачи и Вејсели во спротивно ќе се соочат со сериозни последици.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци