Западен Балкан во историски моментум кон европската перспектива

Западниот Балкан живее историски моментум во однос на европската перспектива, и тоа ќе почне од јануари 2018 и би требало да се заокружи до 2025 година, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната конференција „Иднината на Берлинскиот процес“.
- Тоа ќе ја дефинира рамката што ќе биде објавена во февруари од страна на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, но никогаш во историјата не било пореална и на дофат перспективата за ширење на земјите од Западен Балкан во ЕУ, А Берлинскиот процес има удел во враќање кон таа перспектива, рече Османи.
Според него, Берлинскиот процес е важна платформа за постигнување синергија меѓу индивидуалните напори на шесте земји од Западен Балкан, меѓутоа е платформа како еден чекор кон проширувањето, а никако како алтернатива на проширувањето. Истакна дека тој сам по себе не е цел, туку е механизам за да ги направи овие земји поподготвени за да можат да станат членки на ЕУ.
- Рамката ни е дадена, перспективата ни е јасна, ние треба да ги завршиме нашите домашни задачи. Или ќе ги решиме внатрешните слабости во смисла на реформи, и ќе ги решаваме билатералните спорови, но и односите со соседите, и ќе го искористиме овој воз, или ќе ја пропуштиме шансата. Меѓутоа Европа нема да увезува билатерални спорови внатре, ниту отворени прашања со соседите, ниту слабости на системот, вели Османи.
Зоран Нечев, постар истражувач и координатор на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, вели дека покрај постоечките механизми во рамки на процесот, потребно е и повеќе да се инволвира граѓанскаииот сектор во мониторирање на самиот процес како и националните парламенти.
Игор Бандовиќ, од Европскиот Фонд за Балканот, вели дека Црна Гора најмногу напредувала во евроинтегративниот процес и оти тие очекуваат отворање на сите поглавја, за време на претседавањето на Бугарија со ЕУ од 1 јануари, додека Србија има неколку проблематични поглавја како што се Косово, реформите во правосудството и влаадеењето на правото.
Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, истакна дека во оваа фаза Берлинскиот процес ќе има четири области на фокус, како што се меѓусебна поврзаност на регионот преку проекти во транспортот и енергетиката, претприемништвото и дигиталната технологија, развивање можности за младите и безбедноста, вклучувајќи го и економскиот криминал.
Гарет најави дека следната конференција на Берлинскиот процес ќе се одржи во јули 2018 година во Лондон.
Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива за проширувањето на ЕУ, која има за цел да ги ревитализира врските меѓу Западен Балкан и одредени земји од ЕУ, како и да ја подобри регионалната соработка на земјите од регионот во областа на инфраструктурниот и економскиот развој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
