Родителите може да го отежнат развојот на говорот кај детето

Родителите преку одредени постапки можат да го унапредат, но и значително да го попречат развојот на говорот на детето. За тоа говори хрватскиот логопед Ана Челиќ.
- Намалената комуникација со најблиското опкружување, најчесто со родителите, заедно со прекумерната изложеност на медиумски содржини со што детето е изолирано од искуствата од околината, го попречува развојот на јазичното разбирање, а со тоа и јазичната продукција, т.е. говорот. Таквиот неприроден сооднос ги прави децата подложни на јазични и говорни тешкотии, објаснува д-р Челиќ.
Родителите, според неа, особено во раното детство, можат многу да го отежнат развојот на говорот на малечкото, ако на пр. немаат доволно време, но и трпение за разговор со детето... Или пак, ако пречесто го коригираат говорењето наместо да слушнат што се обидува да им каже.
Барајќи од детето точно да повтори, родителот може да предизвика повлекување на детето и поретка комуникација.
- Правилниот начин на охрабрување би бил да му се покаже на детето подобар изговор, т.е. побавно а со поголема јасност да го повтори погрешно изговорениот збор, за детето полесно да го сфати правилниот изговор, советува логопедот.
Децата често се потпираат на движења со рацете.
- И возрасните користат гестови кога зборуваат. Кај децата, гестикулациите може само да помогнат во зајакнувањето на развојот на јазикот и говорот. Основните гестови како „дај“, „уште“, „јади“, „пиј“, „готово“ заедно со класичните „чао“, „бакнеж“ и покажувањето во голема мера ја олеснуваат комуникацијата. Улогата на гестовите не е да го прекинат говорот, туку да ја олеснат комуникацијата додека детето не биде подготвено да изговори одредени зборови, додава Челиќ.
Гестикулациите всушност го тераат детето да повторува одредено дејствие и го мотивираат да комуницира со луѓето околу него.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
