„Најопуштената“ песна на светот може да го намали стресот за 60 отсто | ВИДЕО
Истражувачи од Универзитет на Пенсилванија во Филаделфија, САД, ја пронајдоа најрелаксирачката песна на светот – „Weightless“ од групата „Маркони јунион“. Во истражувањето за анксиозност и стрес пред операција, учествувале 157 возрасни лица поделени во две групи.
Така, првата група луѓе примиле еден до два милиграми „Мидазолам“ три минути пред блокадата на периферните нерви, а втората група ја слушале песната, инаку објавена 2012 година. Резултатите покажале дека пациентите кои ја слушале песната имале слично ниво на анксиозност како првата група, што посочува дека музиката е исто толку благотворна во намалувањето на стресот. Како што пренесуваат стручните списанија таа песна може да ја намали анксиозноста за дури 60 отсто.
-Музикотерапијата може да биде алтернатива за користење на „Мидазолам“ пред периферна општа анестезија. Сепак, потребни се дополнителни истражувања, посочува написот.
Сепак, истражувачите забележуваат дека пациентите кои го зеле лекот изјавиле дека се позадоволни од целокупното тоа искуство во однос на другата група. Тие веруваат оти тоа е можеби затоа што на пациентите не им било дозволено да изберат што ќе слушаат или зашто е полесно да се комуницира без музика.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план