ВИ како помагало при читање јагледносани текстови од Стар Рим
Кога лавата од ерупцијата на вулканот Везув стигнала до древниот град Херкуланеум во 79 година н.е., стотици древни свитоци во библиотеката на еден дворец изгореле до темел. Се чини дека катастрофата ги уништила написите засекогаш, но денес, речиси 2.000 години подоцна, ползувајќи вештачка интелигенција, истражувачи го извлекле првиот збор од еден од тие јагленосани остатоци.
Тим предводен од проф. Брент Силс, компјутерски научник од американскиот Универзитет на Кентаки во градот Лексингтон, го почна предизвикот со читање и превод на текстот во март. Поддржан од инвеститори од Силиконската долина, предизвикот нуди и парични награди за истражувачите кои ќе прочитаат збор од поцрнетите свитоци.
А, првиот прочитан и начно потврден збор е „πορφύρακ“, што на старохеленски јазик значи „виолетова“. Транскрипторот кој го откри зборот, доби 40.000 долари како награда.
Според првичните оценки, ова би било вистинско богатство за историчарите, коментираат стручњаците.
- За мене, читањето збор од свитоците на Херкуланеум е како да сум стапнал на Месечината. Искрено, знаев дека таму има напис, но откривањето се случува дури „на последниот чекор“... И со ваков талентиран тим кој работи заедно, откривањето зборови е тој чекор кон оваа нова област, и ние го направивме тоа. Сега е време за натамошно истражување, додаде Силс.
Досега неотворените свитоци ѝ припаѓаат на збирка на Францускиот институт во Париз и се меѓу стотиците пронајдени во уништениот старорримски град во Италија, во вила за којашто се верува дека му припаѓала на високиот римски државник Лукиј Калпурниус Писо Кезонин, тест на Гај Јулиј Кајсар.
Ново на Сител
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026