„Испејс“ го претстави новиот приземјувач „Апекс 1.0“
Јапонската компанија „Испејс“ го претстави својот нов приземјувач „Апекс 1.0“ што ќе лета наместо претходната верзија. Леталото е наменето за летови до Месечината и ќе може да носи до 300 килограми товар до нашиот природен сателит.
Новиот приземјувач ќе има над 10 пати поголема носивост од првиот - „Серија 1“, што слета на површината на Месечината во април.
Компанијата, инаку, досега вложи над 40 милиони евра во својот нов огранок во Денвер, Колорадо, САД, бидејќи сака да ги искористи стремежите на американската вселенска агенција НАСА и Пентагон во областа на технологиите за мисии на Месечината.
- Инвестицијата е јасен показател за заинтересираноста на „Испејс“ за американскиот пазар. Очекуваме овие бројки да продолжат да растат како дел од нашата стратешка определба да придонесеме во владините мисии и создавањето на цислунарен систем од страна на САД, изјави директорот на компанијата Такеши Хакамада.
Американската подружница се нарекува „Испејс технолоџи Ју-ес“, и вработува повеќе од 80 луѓе. Поранешниот астронаут на НАСА, Роналд Џеј Гаран во јуни е назначен за директор на огранокот.
Ново на Сител
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница