23 годишната Лидија 48 дена лежи во натпревар за лежење во Црна Гора, се чувствува како да легнала вчера
Натпреварот во лежење кој се одржува во црногорското село Брезна трае веќе 48 дена, а од 21 натпреварувач кои беа таму на почетокот, тројца од нив останаа да се борат за награда од 1000 евра.
Меѓу нив е и 23-годишната Лидија Марковиќ од Никшиќ, која вели дека се чувствува „како да легнала вчера“ и дека на натпреварот дошла да се одмори.
Инаку, девојката стана хит откако кажа дека родителите секојдневно доаѓаат кај неа и бараат од неа да се откаже од натпреварувањето.
Родителите и понудиле 1.000 евра за да стане, но таа упорно ги одбивала и им велела дека ќе стане кога ќе и здосади.
– Не сум тука за тоа, туку за да се победам себеси. Ова е психолошка игра, ова не е само за наградата – вели Лидија.
Таа нагласува дека парите не и се главен мотив на овој необичен натпревар.
23 годишната Лидија вели дека ужива во натпреварот и дека по повеќе од еден месец лежење, сѐ уште не е одморена
– Се е дозволено, само треба да лежиме. На секои 8 часа стануваме, имаме 15 минути пауза. Првата пауза ја користам во 10 часот наутро за да се истуширам, втората во 18 часот. Користам да ја мијам косата, а потоа се враќам во кревет да ја исушам косата. Се снаоѓам лежејќи. Паузата по полноќ ја користам за тренинг. Потоа ја користам можноста да трчам што повеќе – објасни таа.
На годинешниот црногорски натпревар во лежење беа соборени сите досегашни рекорди, поради што натпреварувачите може да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Ново на Сител
-
ФОТОГРАФИИ од страшната сообраќајка во која загинаа 3 лица
-
Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус
-
Емери: Астон Вила може да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите
-
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони
-
Пронајдена досега непозната слика на Пикасо