Занаетчиска комора Скопје: Без финансиска поддршка за плата многу занаетчиски бизниси нема да опстанат
Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка, зашто поради кризата работеа со загуби и не ги исполнуваат условите за аплицирање на повиците. Паушално оданочените занаетчии се исклучени како можни апликанти во повиците за бескаматните кредитни линии, и тие воопшто не можат да аплицираат, тврдат од Занаетчиската комора Скопје.
Според нив, мерката за финансиска поддршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза и доколку не се одобри повторно многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.
-Сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, еден од долгогодишните проблемите со кои се соочува занаетчискиот сектор е сивата економија која што претставува реален проблем на легално регистрираните занаетчии. Само со координирани конкретни активности кои ќе се преземат од надлежните институции, формализација на нерегистрирано вршење на дејност, и конкретна стратегија за намалување на сивата економија ќе доведе до конкретни резултати, изјави Горан Ристовски претседател на Занаетчиска комора Скопје.
Од комората посочуваат дека измената на Законот за ДДВ за намалување на даночната стапка од 18 на 5 отсто, кој беше дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата не беше согласно барањата на занаетчиите, затоа што во измените и дополнувањата влегоа многу мал број занаетчиски дејности кои не се ДДВ обврзници.
Во однос на законското решение за недела како неработен ден,посочуваат, доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите кои ги вршат.
-На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќари, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење на дејност. Засегнати се и занаетчиите кои вршат пекарска, слаткарска дејност, кетеринг услуги и достава на храна затоа што треба да влезат во листата на дејности кои согласно новото законско решение ќе можат да вршат дејност и во недела, велат од комората.
Занаетчиската комора Скопје, беше директно вклучена во креирањето на мерките кои ги предложија занаетчиите кои треба во наредниот период да помогнат во справувањето со кризата од коронавирусот.
Ново на Сител
-

Кривична за вработена како благајник во Јавно претпријатие комунални работи Кавадарци, одзела 568.684 денари од претпријатието
-

Хипер: ЕУ работи на зголемување на притисокот врз Путин
-

Презентирани докази од ПИ мерки на судењето за „Геријатрија“
-

Вреди до Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
-

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
-

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град
-

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски
-

На Скопскиот аеродром приложиле фалсификувани визи, кривична за двајца турски државјани
