Занаетчиска комора: Обуката на невработените за стари занаети ќе го заживее занаетчиството

Мерката на Владата за обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети ќе придонесе за заживување на занаетите и зачувување на традицијата, сметаат од Занаетчиската комора на град Скопје.
Оттаму очекуваат најголем интерес да има за обуката за ковачи. Покрај за ковачи, обуките се однесуваат и за лимари, јорганџии и бочвари.
- Владата се интересира и за старите занаети кои ги нема и сака да ги врати во живот затоа што без занаетчиството нема да имаме ниту мали, ниту средни претпријатија, изјави претседателот на Занаетчиската комора Никола Митрев, додавајќи дека очекуваат да има интерес за обуките, иако занимањата не се многу атрактивни.
Занаетчиите кои ќе ги обучуваат невработените лица ќе добиваат по 30 илјади денари за обучено лице, а невработените ќе добиваат по 6.200 денари месечно за храна, превоз и осигурување при работа. Обуките ќе траат по шест месеци.
Невработените кои ќе ги завршат успешно обуките ќе добијат сертификат за завршена обука, а оние кои ќе имаат идеја за вработување ќе бидат вклучени во програмата за самовработување односно ќе им биде доделен грант од 200.000 денари за првите 20 обучени лица.
Ново на Сител
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
