Замрзнато двегодишно девојче со тумор на мозокот ќе чека лек од иднината
Двегодишно девојче од Тајланд стана намладото лице на светот кое е криогено замрзнато во надеж дека лекарите од иднината ќе го излечат туморот на нејзиниот мозок.
Кај Материн Ноаваратпонг болеста е дијагностицирана кога родителите, и двајцата лекари минатата година итно ја одвеле во болницата во Бангкок зошто не се будела.
Лекарите откриле 11 сантиметри долг тумор и со операција е отстранет половина. По операцијата на родителите им рекле дека се мали шансите девојчето да се разбуди од кома.
-Одлучивме да се бориме против ракот - вели таткото на девојчето.
Следните неколку месеци девојчето поминало низ низа операции при што изгубила 80 отсто од левата страна на мозокот. И покрај тешката борба ракот се проширил на целиот мозок.
Пред да донесат одлука за нејзино исклучување од апаратите, семејството контактирало со организацијата Алкор која организира продолжување на животот. Станува збор за една од најголемите организации кои пружаат услуги за криогено замрзнување.
Директорот на организацијата ја прифатил малечката Материн како пациентка.
Родителите се надевале дека двегодишното девојче ќе биде префрлено кај нив во болница, но за жал нејзината здравствена состојба се влошила и два дена пред предвидениот лет во САД таа е ставена на респиратор, со што е елиминирана можноста да патува со авион.
Поради тоа тимот бил присилен процедурата да ја направи на Тајланд пред да го испратат телото во Америка. Мозокот на девојчето е изваден и складиран во резервоар од челик исполнет со течен азот. Нејзиното тело е замрзнато и во таква состојба ќе биде до пронаоѓањто на лекот и начинот на опоравување.
-Било потребно и големо логистичко планирање, но ние сме задоволни од резултатите, вели Ајрон Дрејк од Алкор.
Таткото на Материн порача дека телото на неговото девојче е замрзнато во Аризона и чека доаѓање на новите технологии.
Ново на Сител
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље