Замрзнати цени до 31 јануари на основните прехранбени производи, вода, негазирани, газирани пијалоци и пиво
Цените на основните прехранбени производи, вода, негазирани и газирани пијалоци и пиво остануваат замрзнати до 31 јануари, оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница.
Како што информираат оттаму, според денешната владина одлука, донесена на предлог на Министерството за економија, ограничувањето на цените на повеќе производи во трговијата на мало, кое што беше со важност до 31 декември, се продолжува до 31 јануари.
Производите чии цени ќе останат замрзнати до 31 јануари се: белиот ориз, пченично брашно - тип 400 и 500, бел и полубел леб и одделни пекарски производи, одредени видови бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, јогурт и млечни производи и свежи јајца од кокошка, минералната негазирана и газирана вода, одредени видови негазирани и газирани пијалоци и пиво.
Денешната владина одлука е во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници, велат од Владата.
Како што велат од Владата, цените остануваат замрзнати до 31 јануари во интерес на потрошувачите, поради претстојните новогодишни и божиќни празници.
Ново на Сител
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ