Свет
31. December 2017 - 13:22

Замрзнаа водопадите на Нијагара

 Поради студениот бран што ја зафати Северна Америка, познатите водопади на Нијагара се целосно замрзнати.
 
Во источните делови од северна Америка, и особено во областа на големите езера, температурите достигнаа и до минус 36 степени.
 
Жителите на некои од големите градови во овој регион, како Чикаго и Бафало, објавуваат неверојатни фотографии од нивните замрзнати градови.